
На ден 9.7.2024 година беше оддржана работна средба со претставници од Полиграф центар (првиот и единствен професионален и лиценциран полиграфски центар во Република Северна Македонија), а беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу двете институции. На средбата присуствуваа деканот на факултетот проф. д-р Јонче Ивановски, продеканката за настава проф. д-р Катерина Крстевска Савовска, проф. д-р Марина Малиш Саздовска, и претставници од Полиграф центарот д-р Роберт Јаневски, Сафет Фрцовски, Роберт Ангелов, Никола Божиновски и Мирјанчо
Атанасовски. Соработката ќе се реализира со спроведување на бројни активности на полето на образованието и науката.