
Почитувани,
Со особено задоволство Ве информираме дека Полиграф Центар и Академија Темпора официјално склучија Меморандум за соработка. Овој договор ја утврдува нашата заедничка посветеност кон:
- Размена на експертиза и професионално искуство;
- Заедничка организација и реализација на обуки, семинари и консултантски услуги;
- Примена на полиграфски тестирања, технологијата EyeDetect, и други алатки за проценка на интегритетот и безбедносни проверки;
- Тренинг на кандидати за селекциски интервјуа, истражни постапки и корпоративни истраги.
Со оваа соработка целиме кон унапредување на нашите услуги, проширување на експертизата, воведување иновативни решенија и создавање нови вредности за нашите клиенти, партнери и пошироката заедница. Оваа партнерство ќе биде од голема корист за големите компании кои сакаат да ја зајакнат професионалноста на своите вработени, како и да спроведат детални проценки на кандидатите во процесот на предвработување.