За нас
Нашиот тим е составен од стручни лица со повеќедецениско искуство во областа на полиграфијата, кои поседуваат највисоки светски акредитации и лиценци, а воедно се и членови на најголемите и признаени полиграфски асоцијации како Американска полиграфска асоцијација (АПА) и Европската полиграфска асоцијација (ЕПА).
Акредитациите, лиценците и сертификатите погледнете ги подолу во биографиите на членовите на тимот.
ТИМ ОД ПРОФЕСИОНАЛЦИ
М-р. Никола Божиновски
Магистер по форензичка психофизиологија, полиграфски испитувач
- Дипломира на Академијата за полиграфски науки во Ларго, Флорида – САД во 2008 година;
- Член на АПА од 2009 година;
- Член на ЕПА од 2024 година и стекнато звање од 2024 како Магистер за форензичка психофизиологија – прв во земјите од Балканот;
- Работно искуство во областа на полиграфијата од 2009 до денес во владиниот и безбедносниот сектор каде се примуваат сите видови на полиграфски тестирања најмногу полиграфски скрининг на вработени, тестови за лојалност на осетливи работни места и тестови за предвработување.








Сафет Фрцовски
Лиценциран полиграфски испитувач
- Лиценциран испитувач и член на европска полиграфска асоцијација од 2024 година;
- Полиграфско искуство од 1990 година до 2020 година во владиниот и безбедносниот сектор каде се примнуваат сите видови на полиграфски тестирања при криминалистички истраги.





Мисија
Мисијата на нашата компанија е едноставна но важна: Ја бараме вистината, ги штитиме луѓето од лаги и измами и ги разоткриваме оние кои манипулираат. Нашата цел е да се бориме за вистината со полиграфот како научно средство. Во денешно време сме соочени со криза на моралот и системите на вредности. Манипулациите и лагите често доаѓаат од оние кои ни се блиски или оние со кои имаме деловни врски. Стоп за измамата! Секој ја заслужува вистината! Нашата мисија е да им помогнеме на жртвите на лаги и да ги разоткриеме измамниците. Во оваа мисија планираме да вклучиме и други квалитетни и обучени кадри, па затоа наша мисија ја дополнуваме и со обука на квалитетен кадар за натамошни полиграфски тестирања и развој на оваа наука за која постои сè поголем интерес во светски рамки и кај нас.

Визија
Нашата визија е полиграфот да стане широко прифатен и да се користи во Македонија како корисна алатка за подобрување на општеството и општествените движења. Сакаме да ја подигнеме свеста за придобивките од полиграфот и да го вклучиме во процесите на вработување, како и во програмите за контрола на криминалот и антикорупцијата. Нашата визија е да создадеме побезбедно општество преку примена на полиграфот, чекор по чекор, со време, волја и истрајност.
ВРЕДНОСТИ НА КОМПАНИЈАТА

ВИСТИНА
Во Полиграф центар, вистината е основата на нашето секојдневно работење. Ние сме посветени на откривање на вистината и заштита на нашите клиенти од измами и лаги. Сметаме дека вистината е највисоката цел и дека секој има право на неа. Преку нашите професионални активности и користење на полиграфски тестови, се стремиме да обезбедиме веродостојни информации и да придонесеме за откривање на вистината во сите ситуации.

ПРЕЦИЗНОСТ
Кај нас прецизноста во работењето е клучна. Преку внимателно спроведување на полиграфски тестови и анализа на добиените резултати, како и преку континуираното стручно надградување се стремиме да постигнеме највисок степен на точност. Нашиот тим од експерти работи внимателно и професионално за да обезбеди веродостојни информации и точни резултати на клиентите. Свесни сме за важноста на точни и веродостојни информации во сите ситуации и се стремиме да обезбедиме секој аспект од нашата работа да се врши со најголема прецизност.

ИНТЕГРИТЕТ
Интегритетот е неопходен дел од нашиот бизнис во Полиграф Центар. Ние ги применуваме највисоките професионални стандарди, почитувајќи ги етичките принципи и вредности. Со нашиот интегритет, ги уверуваме нашите клиенти дека можат да имаат доверба во нашата работа и дека ќе бидат третирани со почит и одговорност.

ДИСКРЕЦИЈА
Дискрецијата на нашите клиенти е загарантирана преку правилата и принципите за работа кои на нашата компанија ѝ се наложени со самото членство во најпрестижните светски асоцијации каде заштитата на правата на испитаниците е во согласност со светските стандарди. Во нашата компанија не дозволуваме никакво нехумано однесување кон клиентите кон кои ќе бидат практикувани сите светски стандарди за заштита на правата како наши клиенти/испитаници. Ја разбираме чувствителноста на многу ситуации низ кои поминуваат нашите клиенти и ветуваме дека целосно ќе ја заштитиме нивната приватност. Сите податоци и информации што ги добиваме за време на полиграфските тестови се третираат со највисок степен на доверливост. Нашата цел е да обезбедиме безбедна средина каде што клиентите можат слободно да ги изразат своите сомнежи и потреби, знаејќи дека нивната приватност ќе биде заштитена.
ЕТИЧКИ КОДЕКСИ
Сите испитаници ќе бидат тестирани исклучиво по своја волја и со потпишана доброволна писмена согласност.
Полиграф центар го задржува правото да не изврши полиграфско тестирање по сопствена проценка на случајот.
Почитување на испитаниците
Секој испитаник се третира на професионален и љубезен начин, со што се обезбедува почитување на неговото право и достоинство. Кон испитаниците, со кои доаѓаат во контакт, испитувачите постапуваат внимателно, водејќи сметка да не наштетат на честа и угледот и да не им го повредат личното достоинство. Постапката за полиграфско тестирање, се спроведува на начин на кој се почитува достоинството и личниот интегритет на лицето врз кое се врши полиграфското тестирање – испитаникот, како и половата припадност на лицето кое се тестира. Пред почетокот на полиграфското тестирање, испитувачот спроведува информативен разговор – полиграфско интервју, во кое тој го запознава лицето-испитаникот, врз кое треба да се спроведе полиграфско тестирање, со прашањата кои ќе му бидат поставени во текот на полиграфското тестирање. Испитувачите се должни на испитаниците да им се обраќаат пристојно и културно со сериозен тон, на јасен и разбирлив начин да им ја соопштат причината заради која се бара да се изврши тестирањето како и начинот околу изведувањето на истото.
Доброволност
Пред отпочнувањето со спроведување на полиграфското тестирање, лицето врз кое треба да се спроведе полиграфско тестирање (испитаникот), мора да биде запознаено со начинот и целта на полиграфското тестирање, а потоа доброволно потпишува писмена согласност за спроведување на тестирањето.
Објективност
Изготвувањето на извештајот од полиграфското тестирање се заснова исклучиво врз знаењето и способностите на испитувачот согласно со светските стандарди за мерење на психофизиолошките реакции.
Деловна тајна
Сите информации добиени во текот на истрагата се сметаат за деловна тајна и нема да бидат откриени на трети лица без овластување.
Непристрасни прашања
Испитувачот нема да поставува прашања засновани на религиозни, сексуални или политички убедувања, ниту пак ќе бара одговори поврзани со нив, освен за случаи поврзани со слични настани.